• сабота, 23 ноември 2024

Амбасадорите на Квинта во косовската Влада за средба со Курти

Амбасадорите на Квинта во косовската Влада за средба со Курти

Приштина, 12 март 2024 (МИА) – Возилата на амбасадорите на петте најмоќни држави акредитирани во Косово - Соединетите Американски Држави, Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство, познати како „Група Квинта“, се забележани попладнево на паркингот пред Владата на Косово.

Порталот „Економиа онлајн“ (ekonomiaonline.com), кој објави снимка од паркираните возила пред Владата, тврди дека амбасадорите заминале на средба со премиерот Албин Курти, иако од Владата засега нема никаква официјална потврда на таа информација.

Неделава се очекува во Косово да допатува специјалниот пратеник на американскиот претседател, Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој најави дека со домаќините, меѓу другото, ќе разговара за спорниот правилник на Централната банка на Косово за воведување на еврото како единствена валута во земјата, односно укинување на српскиот динар за готовинско плаќање.

Меѓународниците велат дека одлуката на косовските власти е легитимна, меѓутоа бараат подолг рок за нејзино спроведување, со цел да се овозможи прилагодивање кон неа на припадниците на српското малцинство, кои примаат значителни средства, во форма на плати, пензии, социјални додатоци и слично, од матичната земја, Србија. иа/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан