„Алфа Ромео“ го навести новиот атрактивен теренец
- Засега првата и единствена фотографија од новиот модел не открива многу, но барем стигна потврда дека италијанскиот автопроизводител „готви“ нешто.
Лос Анџелес, 23 јули 2026 (МИА) - На Тркалезната маса на италијанската автомобилска индустрија, организирана од Министерството за претприемништво и производство во Италија (МИМИТ), оперативниот директор на „Стелантис“ за проширена Европа, Емануеле Капелано ја откри првата фотографија од новиот модел „Ц-СУВ“ на „Алфа Ромео“.
Засега првата и единствена фотографија од новото возило не открива многу, но барем стигна потврда дека италијанскиот автопроизводител „готви“ нешто. Новиот модел ќе биде заснован на платформата „СТЛА медиум“ и ќе нуди повеќе видови погонски склопови. Дизајниран е во центарот на „Алфа Ромео“ во Торино, а ќе се произведува во фабриката во Мелфи.
Официјалното претставување на новиот „Ц-СУВ“ е предвидено за крајот од 2027 година, како дел од стратешкиот план „Фастлејн 2030“ на „Стелантис“. си/сд/
Фото: „Алфа Ромео“