• вторник, 05 ноември 2024

Алфа Каба пуштен на домашно лекување

Алфа Каба пуштен на домашно лекување
Подгорица, 27 октомври 2022 (МИА) – Кошаркарот на Будуќност, Алфа Каба кој вчера колабираше во една банка во Подгорица, е пуштен на домашно лекување. Центарот на подгоричкиот тим беше префрлен во Клиничкиот центар Црна Гора каде му беа извршени детални медицински прегледи по што е пуштен на домашен одмор. Претходниот ден Каба играше натпревар. Кошаркарот на почетокот поради воспаление на белите дробови пропушти неколку натпревари на Будуќност. зс/

Остани поврзан