• сабота, 23 ноември 2024

Алушовски: Флензбург е благ фаворит, но ние ќе се обидеме да победиме

Алушовски: Флензбург е благ фаворит, но ние ќе се обидеме да победиме
Скопје, 14 октомври 2020 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Вардар, утре е домаќин на Флензбург, прв меч за „црвено-црните“ на свој терен оваа сезона во Лигата на шампионите. Тренерот Стевче Алушовски мала предност дава на гостинската екипа, од причина што вардарци цел месец немаат официјален натпревар.
  • Против Флензбург го играме првиот натпревар на домашен терен оваа сезона во Лигата на шампионите. Германскиот тим е во предност, бидејќи ние немаме играно еден месец, а тие се барем во некаков натпреварувачки ритам. Очекувам машка борба од наша страна. Добро ги анализиравме и не сме без шанси и покрај тоа што тие не знаат за пораз досега. Ќе се обидеме да победиме. За мене е битно моите избраници да бидат подобри од нашето издание во Мешков со Брест. И тие имаат проблеми со повредени играчи, но можеби малата предност, пак ќе кажам е нивната натпреварувачка форма, истакна Алушовски.
И Јосип Веќиќ смета дека Вардар ќе има многу тежок натпревар.
  • Не очекува многу сериозен натпревар, многу важен за нас по долга пауза и две откажани средби. Трениравме многу за Флензбург. Добро се подготвивме, напорно работевме на тренинг и одигравме два пријателски натпревара. Ќе видеме каков ќе биде исходот по мечот, истакна хрватскиот интернационалец.
Натпреварот е закажан за утре (15 октомври) со почеток во 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански" во Скопје. зс/

Остани поврзан