• сабота, 23 ноември 2024

Алушовски: Дуелите на Вардар со Загреб секогаш ги решавале една-две топки

Алушовски: Дуелите на Вардар со Загреб секогаш ги решавале една-две топки
Скопје, 2 септември 2020 (МИА) – Тренерот на македонскиот и европски шампион Вардар очекува неизвесен натпревар со Загреб во полуфиналето на СЕХА лигата. „Црвено-црните“ по одржување на утринскиот тренинг заминаа за Загреб каде ќе преноќат, а утре се очекува да пристигнат во Задар. - Направивме добра анализа по мечот со Нексе. Тој натпревар е една голема опомена за сите нас. Вардар е Вардар и секогаш треба да биде Вардар, меѓутоа играчкиот кадар во моментов не ни дава за право против никој да бидеме предвреме прогласени за фаворити. Имаме девет нови играчи кои допрва треба да се вклопат во играта. Не очекува „фајнал-фор“ во Задар против Загреб. Балканско дерби кое години наназад се игра на топка-две. Се подготвивме добро па останува да видиме што ќе се случи. Вардар од ден во ден оди во нагорна линија според тоа што го гледам на тренинзите. Ако ништо друго очекувам овој Ф4 да биде една увертира за почетокот во Лигата на шампионите против Мешков Брест кој исто така е учесник на завршницата во Задар, истакна Алушовски. Завршниот „фајнал-фор“ турнир во Задар ќе се одржи од 4-6 септември. зс/

Остани поврзан