• понеделник, 23 декември 2024

Алонсо ужива во работата на Баер Леверкузен

Алонсо ужива во работата на Баер Леверкузен

Леверкузен, 21 март 2024 (МИА) - Тренерот на Баер, Чаби Алонсо, призна дека е среќен што е во тимот од Леверкузен.

- Уживам во мојата работа во клубот и чувствувам дека таа ме исполнува. Работам напорно овде во Леверкузен и се обидувам да направам се што е можно за да ги подготвам моите играчи за секој натпревар. Знам за интересот за мене од страна на неколку големи екипи, но во моментот не размислувам за следниот чекор, изјави Алонсо за германските медиуми.

Шпанецот го презеде Баер Леверкузен во октомври 2022 година. Клубот моментално е на врвот на табелата со 70 бодови од 26 натпревари.

За Алонсо се интересираат неколку големи екипи, а најконкретни во обидот да го ангажираат се Баерн минхен и Ливерпул. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан