• вторник, 30 јули 2024

Алкараз за правилата на Олимпијадата: Сè треба да биде поинаку

Алкараз за правилата на Олимпијадата: Сè треба да биде поинаку

Париз, 29 јули 2024 (МИА) - Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го сподели своето мислење за правилата на Олимписките игри во Париз.

-Комплицирани правила. Има многу играчи кои заслужуваат да бидат тука и да играат на Олимпијадата. Би требало да биде поинаку бидејќи следниот сингл играч на рангирањето заслужува да биде тука доколку некој се повлече од турнирот, изјави Алкараз, за „ABC News“.

Претходно Србинот Новак Ѓоковиќ искажа критики што повлечениот Енди Мареј во сингл беше заменет со Метју Ебден играч од турнирот во двојки. Ѓоковиќ на убедлив начин го совлада Ебден.

Рафаел Надал и Алкараз ги победија Аргентинците Максимо Гонзалес и Андрес Молтени во првото коло на турнирот во парови на Олимпијадата во Париз со 7:6 и 6:4. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан