• петок, 22 ноември 2024

Лош старт за олимписките шампиони: Француските ракометари го претрпеа вториот пораз

Лош старт за олимписките шампиони: Француските ракометари го претрпеа вториот пораз

Париз, 29 јули 2024 (МИА) - Француските ракометари го претрпеа вториот пораз на Олимписките игри во Париз. Подобра од нив беше Норвешка 27:22 (16:11).

Норвежаните од старт играа во ритам кој очигледно повеќе им одговараше. Веќе по 12 минути игра имаа +4, додека противникот намали на само два гола за споменатиот период. Предноста во првото полувреме беше и до +7, но домаќинот на Игрите некако успеа да ја намали негативата до крајот на полувремето.

Се чинеше дека одморот им одговараше на Французите, кои на стартот од вториот дел се доближија на негатива од три гола, но Норвешка повторно ја стегна одбраната и дојде до недостижно водство.

Ова е втор пораз на актуелниот олимписки шампион. На Франција сега и претстои дуели со Аргентина, Египет и Унгарија. Во случај на пораз на еден од тие натпревари, шансите Франција да оди во следната фаза би биле минимални. дс

Фото: Х/Француска ракометна федерација

Остани поврзан