• недела, 22 декември 2024

Алијанса за Албанците : Владата на ВМРО-ВРЕДИ-ЗНАМ целосно го промени патот на државата

Алијанса за Албанците : Владата на ВМРО-ВРЕДИ-ЗНАМ целосно го промени патот на државата

Скопје, 28 септември 2024

 


Владата на ВМРО-ВРЕДИ-ЗНАМ целосно го промени патот на државата и за неполни 100 дена успеа да се одалечи од ЕУ и да се приближи до Русија, преку врските со Вучиќ и Орбан.
Денес, Северна Македонија е во иста ситуација како во 2008 година, кога на Самитот во Букурешт, Албанија доби покана за членство во НАТО, додека земјата влезе во изолација и процесот беше одложен за уште 10 години. Членството во Северно-атлантската алијанса е овозможено благодарение на посветеноста на сите прогресивни сили, како на власт, така и во опозицијата, и постигнување договори со соседите, по што започна деблокирањето и на преговорите со Европската Унија.

Во моментот кога се очекуваше да се изврши само последниот чекор, уставните измени за вклучување на малцинствата во Уставот, актуелната Влада ја зголеми националистичката и антизападната реторика, како и почна да кокетира со Србија, Унгарија и Русија.

Од првите денови на формирањето на Владата односите со сите други соседни земји беа затегнати, а првите посети беа на Србија и на претседателот Вучиќ. Врските со анти-ЕУ и анти-НАТО блокот кулминираа со директни договори, заеми и посета на претседателот Виктор Орбан, познат по неговите блиски врски со Русија и претседателот Путин.

Сето ова се случи токму во моментот кога беше објавена веста дека Албанија може да се одвои од Северна Македонија и сама да започне со отворање на преговорите со Европската Унија.
Потсетуваме дека ваквите авантури ја загрозуваат иднината, изолацијата на државата и сериозни последици за граѓаните.

Алијанса за Албанците 

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан