• четврток, 02 април 2026

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции 

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции 

Скопје, 1 април 2026 (МИА) - Министерот за здравство Азир Алиу очекува предлог-законот за заштита од пушење наредната недела да помине на владина седница.

Одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција во Министерството за здравство, тој нагласи дека се синхронизирани со сите институции.

- Знаете дека се синхронизиравме со сите институции. Денеска доаѓам од една работна група и по пресот, ќе продолжиме. Ценам дека наредната недела веќе ќе помине на седница на Влада - рече Алиу. сс/са/

Фото МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан