• петок, 22 ноември 2024

Александриската патријаршија го прекина спомнувањето на Московскиот патријарх и го расчини Леонид Клински

Александриската патријаршија го прекина спомнувањето на Московскиот патријарх и го расчини Леонид Клински
Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - Александриската патријаршија времено го прекина спомнувањето на името на Московскиот Патријарх и го расчини митрополитот Леонид Клински.  Во објавата на веб страницата на Александриската патријаршија се наведува дека Светиот синод на заседанието одржано во соборниот храм на светиот патријаршиски манастир на свети Георгиј во Старо Каиро, подробно се занимавал со прашањето на, како што се вели, противканонскиот упад на Црквата на Русија во границите на духовната и пастирска јурисдикција на Александриската патријаршија на африканскиот континент, во координација на т.н. „Патријаршиски егзарх на Африка“ од Московската патријаршија, Митрополитот Клински Леонид Горбачев“. - По исцрпна дебата и разговор, Светиот синод реши да го расчини од високата служба на архиереството бившиот Митрополит Клински Леонид, поради низа канонски престапи (упад во јурисдикцијата на древна Црква, осветување на антиминси, разделување на свето Миро, купување со пари на домородни клирици - дури и расчинети, заговор, етнофилетизам и др.) и ги осуди новопојавените еклисиолошко-политички „теории“ за пастирствување на рускиот свет насекаде под сонцето, врз основа на националната припадност. На крај, после многумесечното игнорирање и молк од страна на Московскиот патријарх г. Кирил кон писмените протести на Блаженејшиот Папа и Патријарх Александриски испратени до него, да си ги повика назад испратените од Север во Африка „егзархиски органи“, Претстојателот на Александриската Црква времено го прекинува спомнувањето на името на Московскиот Патријарх, се вели во објавата. Според најавите, утре продолжуваат заседанијата на Светиот синод на Александриската патријаршија. бак/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан