Албански медиуми: За шест дена на преминот Ќафасан минале над 70 илјади патници
- На граничниот премин „Ќафасан“ на македонско – албанската граница, кај Струга, од 30 јули до 4 август регистрирани се над 70 илјади патници, што е за 20 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.
Дебар, 6 август 2024 (МИА) – На граничниот премин „Ќафасан“ на македонско – албанската граница, кај Струга, од 30 јули до 4 август регистрирани се над 70 илјади патници, што е за 20 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година.
- Поради летната туристичка сезона и пристигнувањето на иселениците во родните места, во двете земји, нивниот број е во постојан раст. Според информациите од надлежните на преминот се работи со полн капацитет и често со забрзана постапка за да не се создаваат редици и чекање, пренесоа албанските медиуми.
Додаваат дека зголемен проток се бележи во утринските и попладневните часови на денот.
Најголема фреквенција е забележана во неделата, на трети август кога границата ја минале 13.828 патници од нив за влез на албанска територија 8.217 додека на излез 5.611 патници. вт/цр
Фото: Гранична полиција Албанија