• понеделник, 23 декември 2024

Алаба се враќа на терените во јануари

Алаба се враќа на терените во јануари

Мадрид, 10 октомври 2024 (МИА) - Давид Алаба нема да се опорави од повредата на коленото до јануари, објавија шпанските медиуми во четвртокот. Дефанзивецот на Реал Мадрид на мечот со Виљареал (4:1) на 17 декември 2023 година доживеа кинење на вкрстените лигаменти на левата нога при што беше зафатен менискусот.

Триесет и две годишниот Алаба претрпе две операции на коленото и оттогаш не играл. Во моментов австрискиот репрезентативец продолжува со индивидуални тренинзи. Дефанзивецот првично требаше да се врати во октомври, но периодот на опоравување продолжува да се одложува.

Во последните недели состојбата на дефанзивецот се смета за охрабрувачка и неговата форма се подобрува. Медицинскиот штаб на европскиот клупски шампион не сака да брза со лекувањето и закрепнувањето на Алаба и тој би требало да се врати на терените во јануари. дс

Фото: Архива

Остани поврзан