• среда, 18 декември 2024

Активисти бараат закон за „трансродови“ лица

Активисти бараат закон за „трансродови“ лица

Скопје, 31 март 2023 (МИА) - Неколку активисти преку протестен марш од Владата до Собранието денеска побараа соодветно, правно и социјално интегрирање на „трансродовите“ лица.

- Законот за правно признавање на родот да биде ставен во собраниска процедура за пратениците да го изгласаат тоа што го ветиле пред да бидат избрани и онака како Европскиот суд за човекови права и наложи на оваа Влада како обврска, изјави за медиумите еден од учесниците на маршот.

Маршот беше организиран од страна на граѓанската иницијатива „Трансформа“ како одбележување на 31 март „Меѓународниот ден за видливост на  трансродовите лица“.

Празникот е основан од страна на активистот Рејчел Крндалд од Мичиген во 2009 година и оттогаш се одбележува на овој ден како Меѓународен ден на овие лица. сх/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан