• петок, 05 декември 2025

Акропол и археолошките локалитети во Атина и викендов затворени од 12 до 17 часот 

Акропол и археолошките локалитети во Атина и викендов затворени од 12 до 17 часот 

Атина, 26 јули 2025 (МИА) – Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот, јави дописничката на МИА од Атина. 

Мерката првично беше воведена во вторникот, а од Министерството за култура на Грција и од Археолошката управа во Атина соопштија дека одлуката е продолжена и во текот на викендот, а е за заштита на вработените и посетителите од високите температури. 

Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.

Вчера, како што објави МИА, беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени. ср/ссм/

Фото: Архива МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан