• сабота, 27 јули 2024

Азар има опција да се врати во Белгија

Азар има опција да се врати во Белгија

Брисел, 17 јуни 2023 (МИА) - Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Еден Азар би можел да се врати во Белгија, тврди новинарот Саша Таволиери.

 

Триесет и двегодишниот Белгиец има опција да се пресели во РВДМ-47, за кој веќе настапува помладиот брат на Еден, Килијан. Доколку одлучи таму да продолжи со кариерата, тогаш финансиските услови од договорот ќе бидат споредни.

 

Минатата сезона „RVDM-47“ го зазеде првото место во втората најсилна белгиска дивизија и се пласираше во про-лигата.

 

Претходно беше објавено дека Азар размислува за пензија.

 

Реал Мадрид на почетокот на јуни објави раскин на договорот со Азар. Крилниот напаѓач играше за Реал Мадрид од 2019 година. Во сезоната 2022/23 забележа 10 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и две асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан