• понеделник, 23 декември 2024

Администрацијата на Трамп: Били Ајлиш ги уништува САД

Администрацијата на Трамп: Били Ајлиш ги уништува САД
Лос Анџелес, 30 октомври 2020 (МИА) - Протекоа документи на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, каде што, наводно, се говори за договор за рекламирање, вреден 250 милиони американски долари, првично наменет за „пораз на очајот и инспирирање надеж“ во време на пандемијата на Ковид-19. Во документите, меѓу другото, се посочени и јавни личности за кои се верува дека не се согласуваат со Трамп и неговата политика. Посебно е интересен делот за поп-пејачката Били Ајлиш, во кој се вели дека „не е поддржувач на Трамп“, но и дека таа „ја уништува нашата земја (САД) и сѐ за што ние се грижиме“, пренесуваат американските медиуми. Били Ајлиш, пак, од своја страна возврати дека „Трамп е оној што ги уништува САД“. Записите велат дека „проблем за сегашната Администрација“ се најмалку 274 уметници и славни личности. Меѓу нив се спомнуваат и имињата на Џенифер Лопез, Џад Апатоу, Џорџ Лопез, Кристина Агилера, Адам Левин, Џастин Тимберлејк, Џек Блек и Џони Деп. Како пожелни за кампањата се посочени водителот д-р Оз и глумецот Денис Квејд. Ниту едно видео од оваа платена пропагандна програма сѐ уште не е емитувано.  си/гт/

Остани поврзан