Австриска авиокомпанија ги обновува летовите до Тел Авив и Техеран
- Од 5 септември, австриската авиокомпанија AUA ги обновува своите летови до Тел Авив во Израел и до Техеран во Иран. Првично, екипажот нема да преноќи на овие дестинации, соопшти авиокомпанијата. Летовите кон Аман во Јордан и Ербил во Ирак повторно ќе сообраќаат од 27 август.
Виена, 3 септември 2024 (МИА) - Од 5 септември, австриската авиокомпанија AUA ги обновува своите летови до Тел Авив во Израел и до Техеран во Иран. Првично, екипажите нема да преноќат на овие дестинации, соопшти авиокомпанијата. Авионите кон Аман во Јордан и Ербил во Ирак повторно ќе сообраќаат од 27 август.
Целата групација Луфтханза, во која е вклучена и австриската авиокомпанија, од почетокот на август ги укина летовите кон Тел Авив и Техеран.
Мерката е преземена поради заканите на Иран и либански Хезболах кон Израел. Шефот на радикалната исламска палестинска организација Хамас, Исмаил Ханије беше убиен во јули во Техеран, а малку подоцна во Бејрут беше убиен и Фуад Шукр, воен командант на Хезболах. рп/
Фото: МИА архива