• сабота, 21 декември 2024

Австралиска пливачка: По пливањето во Сена, пиеме кока-кола обидувајќи се да измиеме нешто во нас

Австралиска пливачка: По пливањето во Сена, пиеме кока-кола обидувајќи се да измиеме нешто во нас

Париз, 8 август 2024 (МИА) - Австралиската пливачка Мојше Џонсон раскажа како спортистите се обидуваат да се заштитат по пливањето во Сена.

- Митот за кока-кола е вистинит. Често го пиеме по пливањето, само за да се обидеме да испереме нешто во нас, изјави Џонсон за „Индипендент“.

На 4 август, Белгијката Клер Мишел беше хоспитализирана поради бактериска зараза по натпреварување во триатлон на Игрите во Париз. Поради ова, белгискиот тим беше принуден да се повлече од мешаната штафета.

За денес на Олимпијадата се закажани трки на отворени води, во Сена на 10 км. во женската конкуренција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан