• петок, 22 ноември 2024

Авион од Крф за Лондон принудно слетал во Рим поради турбуленции

Авион од Крф за Лондон принудно слетал во Рим поради турбуленции

Атина, 22 август 2024 (МИА) - Поради турбуленции додека летал над Италија, авион од Крф за Лондон принудно слетал во Рим, а полесно биле повредени две стјуардеси, објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина.

Авионот со 181 патник вчера попладне полетал од грчкиот остров Крф, турбуленциите биле додека се наоѓал во италијанскиот воздушен простор, со што пилотот ја известил контролата на летање и добил наредба веднаш да слета на аеродромот Фјумичино во Рим.

Двете стјуардеси биле полесно повредени откако изгубиле рамнотежа и паднале додека се подготвувале да ги послужат патниците.

Од патници никој не бил повреден и сите во добра здравствена состојба го продолжиле патувањето за Лондон со друг авион на компанијата. ср/

Фото: ЕРТ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан