• недела, 07 јули 2024

Абдиу-Халили: Искуството на балтичките земји за членство во ЕУ корисно за нашиот процес на преговори

Абдиу-Халили: Искуството на балтичките земји за членство во ЕУ корисно за нашиот процес на преговори

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) - Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу Халили, денеска и утре ќе учествува на работилницата на високо ниво од програмата ТAIEX на Европската Комисија, која се одржува во Вилниус, Литванија.

Абдиу-Халили учествуваше на сесијата „Напредокот и предизвиците на земјите од Западен Балкан на патот на пристапување кон ЕУ и потребната поддршка“, каде даде осврт на случајот на Северна Македонија и нејзиниот пат кон пристапување во ЕУ. Во своето обраќање ги истакна достигнувањата, предизвиците и клучните пресвртници на патот на Северна Македонија кон европската интеграција.

-Стратешка цел дека Владата е силно посветена на реализација на обврските и задачите кои ги имаме на патот кон ЕУ и дека со сите расположливи капацитети максимално ќе го искористиме процесот на забрзано пристапување во Унијата. Новата методологија на пристапување во ЕУ дава нова надеж. Споделувањето на искуства меѓу земјите кандидатки и земјите кои преговараат е неопходна и многу важна за самиот процес. Проширувањето на ЕУ со нови членки како и развојниот план за Западен Балкан даваат нова динамика и мотив за сите нас да работиме за постигнување на целта и да станеме полноправни членки на Унијата до 2030 година, кажа Абдиу-Халили.

Во таа насока таа додаде дека ваквите настани со кои се разменуваат знаења, искуства и добри практики, ги зајакуваат врските на соработка помеѓу нашата држава, европските партнери, како и другите земји кои преговараат или се очекува да ги отворат преговорите во блиска иднина.

Настанот беше отворен од страна на генералниот директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, Герт Јан Копман и Микела Матуела, вршителката на должноста директор за Западен Балкан, кои во своите обраќања ја потенцираа посветеноста на Европската комисија за поддршка на земјите кандидати и потенцијални кандидати во нивните напори за пристапување кон ЕУ, и нагласувајќи дека проширувањето претставува можност а не предизвик  за ЕУ, и во таа насока ќе оди процесот на проширување со целосна поддшка од страна на Европската Комисија.

-Целта на овој настан е да се споделат вредни искуства од пристапните процеси на балтичките земји и да се идентификуваат најдобрите практики кои можат да се применат во земјите кои сега преговараат како што е случајот со Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан, наведува СЕП.

На настанот организиран во соработка со Министерството за надворешни работи на Литванија, учествуваат високи претставници од државите членки на ЕУ, главни преговарачи и поранешни главни преговарачи од земјите кои се приклучија на ЕУ во 2004 година, како што се Летонија, Литванија и Естонија, заедно со државите од Западен Балкан кои веќе преговараат : Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија. Дополнително, беа присутни претставници од земјите од здружената тројка, вклучително Украина, Молдавија и Грузија, кои се очекува до крајот на годината да ги започнат пристапните преговори со ЕУ. мч/лв/

фото: СЕП

Остани поврзан