• петок, 11 октомври 2024

АБА 2 лига: МЗТ по продолжение загуби од Цедевита

АБА 2 лига: МЗТ по продолжение загуби од Цедевита

Загреб, 10 октомври 2024 (МИА) - МЗТ Скопје го претрпе првиот пораз во АБА 2 лигата, откако на гостински терен загуби од Цедевита во Загреб со 77:75 (36:46). 

Тимот од Аеродром можеше да дојде до втората победа, откако на полувреме имаше плус десет, а на почетокот на третиот период стигна до предност и од 16 разлика (36:52).

Домаќините се вратија во игра и последниот период го започнаа со минус шест, за до крајот да се изборат за нерешени 68:68. 

Цедевита беше поуспешна во продолжението и на крајот го доби натпреварот со 77:75.

Најдобри кај Цедевита Јуниор беа Јелиќ и Буљан со по 20 поени, додека кај МЗТ најдобар стрелец беше Едвин со 26 поени, додека Слај реализираше 17 поени. дс

Фото: Фејсбук/МЗТ Скопје

Остани поврзан