• сабота, 23 ноември 2024

Абазовиќ: ЕУ мора да го оживее процесот на проширување и да го спречи влијанието на трети страни

Абазовиќ: ЕУ мора да го оживее процесот на проширување и да го спречи влијанието на трети страни

Варшава, 4 октомври 2023 (МИА) - Претседателот на црногорската Влада во технички мандат, Дритан Абазовиќ денеска изјави дека смета оти Европската унија мора да го заживее процесот на проширување доколку сака да остане привлечна за новите членки и на тој начин да го спречи влијание на трети страни во регионот.

Абазовиќ ова го изјави на Форумот за безбедност во Варшава, кој се одржува во главниот град на Полска, каде што на панелот говореше на тема „Глобални предизвици, глобални коалиции? Како може колективниот Запад да изгради партнерства во надворешната политика“.

-Додека важните одлуки се одложуваат, трети страни бараат простор да отворат нови жаришта на Западен Балкан, рече Абазовиќ и посочи дека Црна Гора има надворешна политика која е целосно компатибилна со ЕУ.

Како што соопшти Владата, Абазовиќ нагласи дека Црна Гора ги испочитувала сите пакети санкции што беа донесени за да се потисне руската агресија врз Украина.

-Ние сме и земја со најголем број бегалци во Европа, во однос на бројот на жители. На добар пат сме!, заклучи Абазовиќ. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан