АА предлага нови кандидати на местата на министрите Меџити и Алиу
- Алијансата за Албанците попладнево преку соопштение до медиумите објави дека одлучила да предложи нови кандидати за министри за здравство и за нформатичко општество и администрација, на местата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои како кадри на АА станаа членови на Владата.
![АА предлага нови кандидати на местата на министрите Меџити и Алиу](https://new.mia.mk/images/20240207154907_big_730x400_55.webp )
Скопје, 7 февруари 2024 (МИА) - Алијансата за Албанците попладнево преку соопштение до медиумите објави дека одлучила да предложи нови кандидати за министри за здравство и за информатичко општество и администрација, на местата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои како кадри на АА станаа членови на Владата.
- Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи:
- За министер за здравство се предлага познатиот лекар г-дин Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово.
- За министер за информатичко општество и администрација се предлага г-дин Наим Бајрами, магистер по политички науки, се наведува во соопштението од АА. са/ац/
Фото: МИА архива