• понеделник, 23 декември 2024

 Старџен: Наскоро нови рестриктивни мерки во Шкотска

 Старџен: Наскоро нови рестриктивни мерки во Шкотска
Единбург, 18 септември 2020 (МИА) - Шкотската премиерка Никола Старџен денеска најави заострување на мерките за справување со коронавирусот во Шкотска, со цел да се избегне воведување целосни карантински мерки. - Однапред ги предупредувам луѓето дека веројатно ќе бидеме сведоци на некои многу тешки, но неопходни мерки во наредните денови, рече Старџен, додавајќи дека поради експоненцијалниот раст на бројот на заразени, епидемијата во Шкотска може да излезе од контрола. Според последните податоци, во Шкотска во последните 24 часа се пријавени уште 203 случаи на Ковид-19 и еден починат, јави Би-Би-Си. паг/  

Остани поврзан