• петок, 22 ноември 2024

 Илјади поети за промена 14. пат во Струмица

 Илјади поети за промена 14. пат во Струмица

Струмица, 28 септември 2024 (МИА) - Во Струмица вечер глобалното движење „100 Thousand Poets For Change“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ ќе го реализира 14. издание на поетската манифестација „100 илјади поети за промена“ со почеток во 19:00 часот во НУ „Завод за заштита на спомениците од културата и Музеј -Струмица“. 

На конкурсот годинава конкурираа повеќе од 200 учесници, а манифестацијата ќе започне со отворање на изложбата на дигитални цртежи „Сенката на звукот“ на професор Владимир Мартиновски, а потоа со промовирањето на годинешниот зборник „100 Илјади поети за промена“ ќе се одржи поетско читање на дел од застапените поети. 

- Mанифестацијата има за цел да се шири и да ги мобилизира сите поети ширум светот, а досега во Македонија се вклучуваат сите оние кои сакаат и имаат волја да бидат промената која сакаат да ја видат во светот или најмалку во себе, односно околу себе, велат организаторите. 

Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите кои учествуваат на манифестацијата, како што велат организаторите, обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја. Проблеми поврзани со глобалното затоплување, со ранливите општествени групи. 

-Преку овој проект ќе се согледа дали поезијата е доволно моќна да иницира позитивни промени во државите, промени во начинот на размислување, во односите меѓу луѓето. Да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, поезија, размислувања и разговори со самите себе, внатрешни промени наспроти големата слика, додаваат организаторите. 

Манифестацијата е поддржана од градоначалникот Костадин Костадинов и Општина Струмица.рт/лв/

Фото: дизајн Стефан Јакимовски

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан