• петок, 22 ноември 2024

 Ердоган: Мировниот план на Трамп е „апсолутно неприфатлив“

 Ердоган: Мировниот план на Трамп е „апсолутно неприфатлив“
Анкара, 29 јануари 2020 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека планот за Блискиот Исток, претставен од американскиот претседател Доналд Трамп, е „апсолутно неприфатлив“.
- Ерусалим е свет за муслиманите. Планот да му се даде Ерусалим на Израел е апсолутно неприфатлив. Тој план ги игнорира правата на Палестинците и има за цел да ја легализира окупацијата на Израел, истакна Ердоган. гт/

Остани поврзан