• понеделник, 16 март 2026

Трамп: Иран е воено слаб, но добар во ширење лажни информации

Трамп: Иран е воено слаб, но добар во ширење лажни информации

Вашингтон, 16 март 2026 (МИА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека воено Иран е неефикасен и слаб, но добар во објавување лажни информации.

„Иран одамна е познат како мајстор на медиумска манипулација и односи со јавноста. Воено се неефикасни и слаби, но се навистина добри во хранење со лажни информации на медиумите што живеат од лажни вести. Сега вештачката интелигенција стана уште едно оружје на дезинформации, што Иран го користи прилично успешно имајќи предвид дека секојдневното се уништуваат“, вели Трамп во објавата на социјалната мрежа „Тру соушал“.

Американскиот претседател го обвини Техеран дека прикажал лажни „камикаѕе чамци“ како отвораат оган кон разни бродови на море, што навидум, како што вели, „изгледа прекрасно, моќно и жестоко“ притоа посочувајќи дека тие чамци воопшто не постојат и оти сето тоа се лажни информации за да се прикаже колку е „силна“ веќе поразената иранска војска.

„Петте американски авиони танкери, што наводно биле соборени и тешко оштетени, според лажните извештаи на 'Волстрит џурнал’ и други, сите се во употреба, со исклучок на еден, кој набрегу повторно ќе лета. Објектите и бродовите прикажани како горат - сè тоа се лажни вести генерирани од вештачка интелигенција“, рече Трамп.

Според неговите зборови, Иран го прикажал американскиот носач на авиони „Абрахан Линколн“ како неконтролирано гори во океанот.

„Не само што не гореше, туку кон него воопшто не беше ни пукано. Тое е свесно лажирана проказна, а медиумите што ја генерирале треба да бидат обвинети за предавство поради ширење лажни информации“, наведе тој.

Трамп заклучи дека Иран е десеткуван и оти единствените битки што ги добива се оние што ги создава преку вештачка интелигенција, а кои ги дистрибуираат корумпирани медиуми. аб/јт

фото/МИА архива

Остани поврзан