Tројца кандидати за спортски директор на Милан
- Милан е во сериозна криза, но до смена на тренерот се уште не доаѓа. Затоа управата решила да се позанимава со прашањето за нов спортски директор.

Милано, 3 март 2025 (МИА) - Милан е во сериозна криза, но до смена на тренерот се уште не доаѓа. Затоа управата решила да се позанимава со прашањето за нов спортски директор.
Оваа позиција моментално ја извршува техничкиот директор Џефри Монкада, а негов супервизор е Златан Ибрахимовиќ, советник на претседателот Гери Кардинале. Се чини дека на „Сан Сиро“ сфатија дека треба да назначат личност која ќе се занимава токму со тоа и која има одредено искуство на таа позиција.
Се појавија три имиња. Поранешниот спортски директор на Лацио, Игли Таре, потоа човекот кој ја имаше таа позиција во Атлетико Мадрид, Андреа Берта и Фабио Паратичи, кој се занимаваше со овие прашања во Јувентус и Тотенхем. Кардинале и Ибрахимовиќ разговарале со сите тројца во Лондон.
Очигледно Берта, кој е сериозен кандидат да стане спортски директор на Арсенал, веднаш беше елиминиран од игра. Ибрахимовиќ го фаворизира Таре, додека Кардинале сака да се обложи на Паратичи.
Сепак, на Паратичи и натаму му е забрането да работи во фудбалот, но би сакал да остане во Премиер лигата. Така, Таре моментално е во пол-позиција. дс
Фото: Архива