• среда, 25 март 2026

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан

Вашингтон, 25 март 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот пријател, конзервативниот унгарски премиер националист Виктор Орбан, повикувајќи ги Унгарците да го поддржат на изборите закажани за идниот месец.

„Унгарија: Одете да гласате за Виктор Орбан. Тој е вистински пријател, борец и победник и има моја целосна и безусловна поддршка за повторниот избор за премиер на Унгарија“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Тру соушал“.

Американскиот претседател исто така изјави дека Унгарија и САД достигнуваат „нови врвови во соработката“ поздравувајќи го Орбан како вистински лидер во „борбата против нелегалната имиграција“ и „враќањето на јавниот ред“. 

Според независните анкети, ултраконзервативниот Виктор Орбан, кој е на власт во Унгарија од 2010 година, се наоѓа во понеповолна позиција за парламентарните избори на 12 април, на кои се надева да освои петти мандат. аб/ссм

фото/МИА архива

Остани поврзан