• понеделник, 23 декември 2024

Oд масовните гробници во Кан Јунис извлечени 392 тела

Oд масовните гробници во Кан Јунис извлечени 392 тела

Газа, 25 април 2024 (МИА) - Палестински тимови за цивилна заштита ископаа 392 тела од масовни гробници во Кан Јунис“, пренесува агенцијата Анадолија.

Меѓу жртвите има тела на деца. Според агенцијата, не е позната причината за присуството на детски тела во масовните гробници во болницата, на телата на жртвите биле пронајдени траги од тортура.

Постојат индиции дека некои жртви биле егзекутирани на терен, додека на телата на другите жртви имало траги од тортура, а останатите биле живи закопани, додаваат од агенцијата. 

Наведено е дека неколку жртви биле закопани во пластични кеси на длабочина од три метри, што го забрзало нивното распаѓање. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан