• петок, 20 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
29 јули 2020 Свети свештеномаченик Антиноген  Светиот свештеномаченик Антиноген, епископ од арменскиот град Пидахтон, со своите 10 ученици настрадале поради вербата во Христа, за време на императорот Максимилијан. Кога на Антиноген му било заповедано да принесат жртви на идолите за да не загинат како многуте христијани тој на мачителот му одговорил: „О мачителе! Тие за коишто ти велиш дека загинале не се загинати, тие се на небо заедно со ангелите“. Потоа најпрвин биле исечени со меч учениците, а потоа и самиот Антиноген. Тоа се случило во 311 година. Споменот за нив црквата го празнува на 29/16 јули. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан