• сабота, 21 декември 2024

Oбичаи и верувања

Oбичаи и верувања
5 декември 2020 Записи и натписи Оваја книга за продавање. Кој ќе ја сака нека готви осом грош, нека ја купи од попа Кирила од манастир Пречиста, Крнино глаголемиј, велаќим, и ос’мнадесет да ет, пак е мало спроти неа, како ет она свјата книжица. Кирил јеромонах. (Запис во устав црковен од 15 век) Да се знае во лето 1801 от Христа дојде еден грешниј калуѓер што беше егумен на Марков манастир, што беше од Долни Полог от Теарце, што го викаа поп Кирил. Велаќим спроти греховите негови немаше илака ни во калуѓерството ни во свештенството, ни во егуменството, токо салт името му беше, а добродетели ни мало немаше. Токо вие, браќа и отци речите: прости и упокој душу грешнаго Кирила еромонаха. Мене спомните и се чуајте от грешуање, да моа душа и ваша и све христјанска душа што се претставиле во Шишово и на всако место да вселит Христос во царството свое, амин. Кирил јеромонах, Марков манастир. (Запис на корица на пендикостар од 1398, штро се наоѓал во Шишевскиот манастир св. Никола.) Во лето од вопчлоштенија Господа Бога и спаса нашего Исуса Христа 1802 обретохсја аз, игумен грешниј во јеромонасех Кирилл – обаче зело во лености иждих свое житие окајаниј, ово тесноти ради, ово от насилие владајуштих, оно небреженија ради своего. Но мољу вас, братија прочитајуштих сие, рците:„Боже, опрости раба своего, амин.“ Кирил јеромонах. (Запис во Минеј од 14-15 век, некогаш сопственост на Марковиот манастир.) Преписах сие аз непотребни раб во јеромонасех Кирил и несдостојниј игумен Маркового манастира светому Димитрију, тетоец. Писах сие во лето 1807 декемвриа 27 ден при митрополита кир Антима во игемонство Али-бегово време. И во тоа време војски имаше по всеки вилает меѓу себе и на Серби највише. Кирилл јееромонах, игумен. (Запис во Иловичката крмчија од 1262 г.) И пак во лето 1807 се јави друга опашка септемвриа и стоа до ноемвриа па загина. Писах сие Кирилл јеромонах Маркова манастирја. (Запис во ракописот Чудеса прес. Богородици, препишан во ман. Трескавец 1720 г.) Да се знае зере во лето от спаса Христа 1801 – во то време беше во Скопје митрополит кир Антим и беше забит Али бег. И во лето 1807 во есен умре Али бег. И пак во лето 1811 се јави друга звезда. Кирил јеромонах, село от Теарце родом, от град сиреч Тетово. (Запис во ракопис од Марковиот манастир). Според книгата „Собрани текстови“ од Кирил Пејчиновиќ, Скопје 1974. Јазична турлитава на охридски говор Касапски. Голоб Кичеец седел пред својата касапница на стол за време на српско, а бил празник српски – уједињење. Касапите имале право да отворет два-три саати и празници, з’ш немало по куќи ладилници. А Голоб Кичеец немал клаено српски бајрак на ѕиздот од дуќанот. Дошол џандар и го опитал: -Зашто ниси ставио заставу? - Не знаев – одговорил Голоб! - Морао си ставити, заставу! А Голоб касапот на мешан охридско-српски му одговорил: - Да сам знао, ја би клао! Пешчански. Некоја пешчанка праела губи (јуфки) во дворот. Поминал некој Србин и је опитал женава: - Шта је ово, тето? - Губи се! - Шта? - Губи се бе, кога ти велам! И човеков, не разбирајќи је, побегнал, се изгубил. На граница Ги прашал полицаецот на граница луѓето во автобусот пред да ги погледне пасошите: Од каде си ти? - От-Прилеп. -А ти? - От-Охрид. -А ти? -Отресен! Коњ јак. Некој човек чул дека в крчма се нуди за евтини пари коњак. Сакајќи да купи јак коњ, влегол в крчма и кога побарал коњ јак, му опнале коњак – дупли. Кумановци Кумановци се фалеле дека биле добри борци за време на Втората светска војна. - На мртваго Немца нож извадија, бомбу фрлија и од бомбу цигару запалија. Крштение Во едно село родителите сакале дете да крстат. Влегле в црква и виделе човек обично облечен како седи во бавчата. Го прашале: - Ти поп ли си? - Што лајно сум, та не сум поп! – одговорил попот. - Дојдовме да ни го крстиш детево! - Ќе го крстам и мајката ќе му ебам, - рекол попот ама земја пијан. Го донесле детето, го соблекле. Попот турил вода во крстилницата, но таа била врела. Го ставил детето и го попарил. Тоа свиснало. Им го вратил детето и им рекол: - Дајте ми друго дете. Ова не чинит. Касниме (доцниме) мајсторе. Се побуниула една жена в автобус зашто доцнел уште на тргнување. Му се обратила на возачот: - Мајсторе, касниме! -Тој се свртел и и рекол: - Госпоѓо, јас возам. Не можам да те каснам. Нека те касне кондуктеров. Тој е слободен. Студентски Познато е дека охридските маратонци често се претставувале лажно. Кога Димче, инаку работник во фабрика, на една девојка и се претставил дека е студент и кога таа го прашала: - Кој семестар сте? - Тој предмет не сме го слушале, - одговорил. Заем. - Пере! -А-а-а-а! - Спијаш? - Не! -Позајми ми илјадарка! -Спијам спијам! Сфатовска Отишла сфаќата на гости. Јале-пиле и како добри домаќини и понудиле на сфаќата да земе уште едно парче баклава: - Земи сваќе од баклавава! -Зедов, зедов, две парчиња изедов. - Ако сваќе, зеде четири, ема ние не броиме. Сфатовска 2. Ошла сфаќата на гости. Јале-пиле и како добро домаќини и понудиле на сфаќата да земе уште едно парче баклава: - Земи сваќе, од баклавава. - Каснав, свате! - Лајна касна, касни кога ти велам. Перпетум мобиле болест Ошол Иван Топејнчар на доктор и кога лекарот го прашал: -Шо те болит? -Шо не ме болит. - К’ј те болит? - К’ј не ме болит. - От кога те болит? - От кога не ме болит. - Како те болит? - Како не ме болит, докторе! -Шо лекој земаше до сега? -Шо не земав! - Шо да ти дам сега? - Шо да не ми дајш!... Пијаниот навален -Зошто си толку навален? – го прашале пијаниот. - Земјава ме трга надолу! – одговорил мудро пијаниот. Пилотски Синот на Милка Петре завршил училиште за пилоти. На делењето дипломи биле поканети и родителите на новите небесни шетачи. Тогаш мајката му вели на Петрета: - Сине, имаш опасен занет. Затоа те молам летај ниско и полека! Според книгата „Јазична турлитава“ од Драги Поп Стефанија и Лилјана Миодоњска, Охрид 2008 г. (Подготви Марко Китевски)  

Остани поврзан