• петок, 22 ноември 2024

Жизел Бундшен обвинувана за сатанизам

Жизел Бундшен обвинувана за сатанизам

Рим, 8 март 2023 (МИА) - Манекенката Жизел Бундшен е обвинувана за сатанизам откако неодамна на насловната страница на „Вог Италија“, се појави со поза за којашто некои веруваат дека го претставува ѓаволот. Имено, критикувачите најдоа поврзаност меѓу поставеноста на супермоделката со ликот на Бафомет - еретичко-сатанско суштество од историските записи за Инквизицијата од 14. век.

„Забележете ја сличноста на положбата на нејзините раце, со линиите на буквите О и Г, облеката и боите на сатанска свештеничка - сѐ потсеќа на Бафомет“, „Зошто наеднаш црвената боја стана толку 'будна' (се мисли на тренд-идеологијата 'Woke' - 'Будност')?“, „Сатанската вештерка“, „Oд кога популарната естетика околу славните стана сатанска?“ - се само дел од коментарите на Твитер.

Фото: Инстаграм.

Имено, Жизел позираше за „Вог“ (Vogue) во црвен фустан на „Валентино“. Косата ѝ е сокриена под „залижаната“ црвена кусокоса перика, со многу шминка и целосно избледен тен. На усните има црвен кармин, додека очите ѝ е украсени со црна сенка, а пак лицето ѝ е украсено со дијамантски обетки... Сè тоа го прави целиот нејзин изглед - доста „мистичен“.

Изгледот на Жизел го дизајнираше стилистот Иб Камара, кој е и главен уредник на списанието „Дејзд“ (Dazed). Инаку, манекенката досега била на дури 142 насловници на „Вог“.

Остани поврзан