• среда, 25 март 2026

Францускиот претседател Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори

Францускиот претседател Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори

Париз, 25 март 2026 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговарал со неговиот ирански колега Масуд Пезешкијан, при што го замолил да стави крај на нападите врз земјите во регионот и упатил повик Иран да започне искрени преговори, пренесуваат светските медиуми.

„Повторно ја истакнав апсолутната неопходност да се стави крај на овие неприфатливи напади врз земјите во регионот, да се зачува енергетската и цивилната инфраструктура и да се обнови слободата на пловидба во Ормускиот теснец“, напиша Макрон на социјалната платформа „Икс“.

„Го повикав Иран да се ангажира во искрени преговори за да се отвори патот кон деескалација и да се обезбеди рамка што ќе ги исполни очекувањата на меѓународната заедница во однос на нуклеарната и балистичката програма на Иран и неговите активности за дестабилизација на регионот“, додава францускиот претседател. аб/ссм

фото/МИА архива

 

Остани поврзан