• понеделник, 23 декември 2024

Kонференција „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата во контекст на планот на Владата за борба против корупцијата“

Kонференција „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата во контекст на планот на Владата за борба против корупцијата“
Скопје, 17 септември 2021 (МИА) - Коалиција „Сите за правично судење“ во соработка со Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), денеска организира завршна конференција насловена „Напредокот во борбата против организираниот криминал и корупцијата во контекст на планот на Владата за борба против корупцијата“. Завршната конференција е активност која се спроведува во рамки на проектот „Мониторинг и подобрување на капацитетите на институциите во справување со организираниот криминал и корупцијата“, финансиран од Делегацијата на Европска Унија, преку ИПА 2, 2014 грантова шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор“. Цел на проектот е придонес во подобрување на работата на институциите со мандат за борба против организираниот криминал и корупцијата, додека пак специфични проектни цели се: да се подобри транспарентноста на СЈО, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), да се оцени ефикасноста на Основниот суд Скопје 1, Скопје во постапувањето во предмети поврзани со организиран криминал и корупција; како и да се зголеми довербата на јавноста во институциите кои имаат мандат за борба против организираниот криминал и корупција. Целта пак на оваа конференција, соопштија од Коалиција „Сите за правично судење“, е да се промовираат активностите и резултатите постигнати со имплементација на  проектот „Мониторинг и подобрување на капацитетот на институциите во справување со организиран криминал и корупција“, како и да се иницира дискусија за напредокот во справувањето со организираниот криминал и корупција во контекст на планот на Владата за борба против корупцијата. цр/лв/

Остани поврзан