Kонституиран Општински Совет за превенција на детско престапништво во Берово
- Во рамки на активностите на општина Берово за детска заштита, денеска одржана e конституитивна седница на Советот за превенција од детско престапништво, на која е избран и претседателот кој ќе раководи со ова тело во наредниот период.
Берово, 27 февруари 2024 (МИА) - Во рамки на активностите на општина Берово за детска заштита, денеска одржана e конституитивна седница на Советот за превенција од детско престапништво, на која е избран и претседателот кој ќе раководи со ова тело во наредниот период.
- За претседател на Советот едногласно од страна на сите присутни беше избрана Грозданка Миловска, Социјален работник во Меѓуопштински центар за социјални работи Берово. На состанокот присуствуваа сите членови на Советот и дадоа свои конструктивни предлози за активности, кои би можеле да се спроведат, во делот на превенција од детско престапништво, информираа од Општина Берово.
На состанокот, како што додадоа, договорени се поголем број активности, кои ќе се спроведат во периодот што следи.
- Се разговараше и за одредени состојби со кои се среќаваат стручните служби и се дефинирани приоритети и активности, преку кои, во иднина Советот за превенција на детско престапништво, ќе ја извршува задачата, за која што е формиран, појаснуваат од Општина Берово.
Целта на локалниот совет за превенција, е да се воспостави ефикасен превентивен систем во зголемување на безбедноста на граѓаните и да се изнајде начин, што полесно да се решаваат евентуалните проблеми и девијанти појави, со кои се соочуваат граѓаните. вс/цр
Фото: МИА