Германија минатата година од своите граници вратила повеќе од 30 илјади лица
- Министерот за внатрешни работи Александер Добринт смета дека е потребно и натаму остане практиката за проверки на патниците на границите бидејќи сè уште е голем бројот луѓе на кои не им е одобрен влез во Германија.
Берлин, 19 март 2026 (МИА) - Германија од мај минатата година од своите граници вратила речиси 30 илјади лица.
Министерот за внатрешни работи Александер Добринт смета дека е потребно и натаму остане практиката за проверки на патниците на границите бидејќи сè уште е голем бројот луѓе на кои не им е одобрен влез во Германија.
Полициските синдикати, пак, бараат олеснување на мерките.
Министерот Добринт застана во одбрана на воведената мерка за засилени гранични проверки, што минатиот месец беше продолжена до средината на септември. Тој посочи дека построгиот пристап испраќа сигнал за промени во германската миграциска политика и ги одвраќа оние што се занимават со шверцување луѓе.
Добринт изрази уверување дека позитивно ќе се одразат и новите правила за азил на ЕУ и заедничкиот систем на правила и процедури за азил на ЕУ (CEAS), ратификуван од германскиот парламент.
„Ако системот функционира како што е предвидено, вклучително и засилената заштита на надворешните граници на ЕУ, привремените проверки на границите во рамките на ЕУ би можеле повторно да се укинат“, истакна Добриндт. аб/јт
фото/МИА архива