„CINEDAYS“ објавува конкурс за кратки филмови
- Фестивалот на европски филм „CINEDAYS' објавува конкурс за кратки филмови, кои ќе бидат прикажани во рамки на MK Shorts програмата.
Скопје, 231 мај 2021 (МИА) - Фестивалот на европски филм „CINEDAYS' објавува конкурс за кратки филмови, кои ќе бидат прикажани во рамки на MK Shorts програмата.
Од Фестивалот информираат дека пријавените филмови треба да ги исполнуваат следните услови: да се со времетраење до 20 минути, година на продукција 2019/2020 година и да се во формат анимиран или игран филм.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 7 јуни на веб-сајтот и социјални мрежи на Фестивалот.
Заинтересираните можат да аплицираат на следниот линк. фф/скс/