• понеделник, 23 декември 2024

ACO: Осигурителната индустрија се обединува и мобилизира за подигање на нивото на финансиска писменост

ACO: Осигурителната индустрија се обединува и мобилизира за подигање на нивото на финансиска писменост

25 декември 2023 

На иницијатива на регулаторот на осигурителниот пазар АСО сите осигурителни компании и повеќе од половина од сите осигурително-брокерските друштва се обединија создавајќи платформа за финансиска писменост во осигурувањето. Целта е со заеднички координирани активности граѓаните да добијат комплетна, јасна и споредлива информација за условите и за цените на осигурување, како и за правата и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување

 

Сите 17 осигурителни компании, Националното биро за осигурување и уште 25 осигурително-брокерски друштва на иницијатива на Агенијата за супервизија на осигурување (АСО) ги здружуваат силите и ги координираат активностите за зголемување на нивото на финансиска писменост во осигурувањето.  За таа цел овие 42 компании од осигурителната индустрија и регулаторот на пазарот АСО склучија меморандум за соработка со кој таргетираат заеднички и координирани активности во оваа област.

 

Сите членки на платформата за финансиска писменост во осигурувањето декларираа дека со потпишувањето на меморандумот активно ќе поттикнуваат, развиваат и реализираат активности со кои преку  финансиската едукација ќе ја унапредуваат заштита на правата на осигурениците. Сите мерки и активности, предвидени во меморандумот,  се насочени кон натамошен развој на пазарот на осигурување и ќе придонесат кон зголемување на нивото на финансиска инклузија на населението.

 

Секоја од овие 43 компании (осигурителни друштва и осигурително-брокерски фирми) ќе донесе план на активности за зголемување на финансиската писменост на населението во делот на осигурувањето. Потоа врз основа на тие планови сите компании ќе утврдат заеднички активности со кои преку координирана промоција на финансиската едукација ќе ја подигаат јавната свест за значењето на осигурувањето.

 

Една од најзначајните цели кои треба да ги постигне оваа соработка е да се овозможи на што поголем број граѓани да добијат комплетна, јасна и споредлива информација за условите за осигурување и за цените на полисите.  Паралелно со тоа да се унапреди информираноста за нивните права кои произлегуваат од договорите за осигурување.

 

Меѓу другото оваа соработка меѓу компаниите и АСО има за цел да го афирмира и поддржи пристапот на медијација односно можноста за вонсудско решање на споровите.

Компаниите декларираа дека даваат поддршка за стимулирање на финансиските иновации за развој на пазарот на осигурување, а активно ќе учествуваат и во создавање платформа за споредување на осигурителни производи.

 

Оваа активност е дел од континуираните напори на АСО во рамки на националната стратегија за финасиска едукација и финансиска инклузија која е дел од заложбите на сите финансиски регулатори за унапредување на состојбите во финансискиот сектор во земјава.

Агенција за супервизија на осигурувањето (АСО)

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан