• понеделник, 25 ноември 2024

abcnews.al: „Бериша не сакаше независно Косово“, ЦИА го закопа „патриотизмот“ на Бериша кој во САД лобирал против

abcnews.al: „Бериша не сакаше независно Косово“, ЦИА го закопа „патриотизмот“ на Бериша кој во САД лобирал против

 Тирана, 23 мај 2023 (МИА) - Документ, декласифициран од американската тајна служба, потврдува дека во 1995 година тогашниот албански претседател Сали Бериша бил против независноста на Косово, јави abcnews.al.

- Во извештајот на ЦИА  се подвлекува дека во пресрет на кампањата, Сали Бериша го зацврстил својот став за етничките прашања, користејќи ја националистичката карта за да ги победи социјалистите. Документот на ЦИА ги проучува можностите за конфликти на Балканот, а во поглавјето „Потенцијалот на Тирана за да влијае на регионот“ главен актер кој се држи под надзор е Сали Бериша, додава телевизијата.

И тоа не без право, стои во извештајот, бидејќи „тогашниот претседател на Албанија се сретна со американски дипломати на кои им се изјасни против независноста на Косово".

- Бериша, најверојатно препознавајќи ја слабата преговарачка позиција на етничките Албанци - продолжува да инсистира Ругова да се откаже од барањата за независност и им кажа на американските дипломати дека верува оти почетокот на преговорите ќе му помогне на Ругова да избегне притисок од повеќе високи лидери врз активисти на косовски Албанци, стои во извештајот.

Извештајот продолжува уште подалеку, нагласувајќи го ризикот Бериша да  поттикне конфликт во пресрет на кампањата.

- Политичкиот предизвик од албанските социјалисти – поранешни комунисти – на парламентарните избори следната пролет може да го натера Бериша да следи построга линија за етничко-албанските регионални прашања. Тој може да ја искористи и националистичката карта за да добие поддршка од малите десничарски партии, стои во документот.

Телевизијата додава дека извештајот е од декември 1995 година. 

-Она што се случи потоа беше дека веднаш по изборите Бериша побара од Ибрахим Ругова да се приклучи на протестот на српската опозиција. Можеби тоа беа причините што го натераа Ругова да ја раскине врската со Бериша и никогаш да не ја обнови. Потоа Бериша не криеше дека е против независноста на Косово, барајќи од Хашим Тачи да не го потпишува договорот Рамбује каде што беше направен првиот чекор за одвојување на Косово од Србија, заклучува abcnews.al. вт/

Остани поврзан