Aнгеловски: Екипа на ,,Комуналец" цела вечер работеше на отстранување на голем дефект во Кавадарци
- Екипа на „Комуналец" цела вечер работеше на отстранување на голем дефект во Кавадарци, информираше денеска директорот на кавадаречкото јавно комунално претпријатие, Гоце Ангеловски.
Кавадарци, 3 ноември 2025 (МИА) - Екипа на „Комуналец" цела вечер работеше на отстранување на голем дефект во Кавадарци, информираше денеска директорот на кавадаречкото јавно комунално претпријатие, Гоце Ангеловски.
- Гордост ми е што работам со овие луѓе. После големиот дефект кој настана на главната водоводна линија на улица „Шишка", работниците на ЈП „Комуналец" почнувајќи од 23 часот работеа да го санираат дефектот, се со цел граѓаните што побрзо добијат вода за своите потреби. Дефектот во шест часот наутро беше саниран во целост и водата беше пуштена. Благодарност до сите коишто неуморно работеа во интерес на граѓаните, соопшти Ангеловски.
Тој подвлече дека вработените во претпријатието и овојпат докажале дека даваат максимум од своите можности, за подобар живот на кавадарчани. свд/сст/
Фото : Фејсбук на Ангеловски