• понеделник, 23 декември 2024

„4-4-2“: Чарлтон најдобар играч во историјата на Манчестер јунајтед

„4-4-2“: Чарлтон најдобар играч во историјата на Манчестер јунајтед

Лондон, 24 октомври 2023 (МИА) - Порталот „FourFourTwo“ направи рангирање на најдобрите играчи во историјата на Манчестер Јунајтед.

На првото место се најде Боби Чарлтон кој играше за англискиот клуб од 1956 до 197 година и одигра 584 натпревари за нив, постигнувајќи 199 гола. 

Второто место му припадна на играчот од средниот ред Џорџ Бест. Водечката тројка ја комплетираше играчот од средниот ред Брајан Робсон.

Португалецот Кристијано Роналдо го зазеде 11-то место.

Топ 10 рејтинг играчи на Манчестер јунајтед според фудбалското списание „4-4-2“:

1. Боби Чарлтон (1953-1973)
2. Џорџ Бест (1963-1974)
3. Брајан Робсон (1981-1994)
4. Ерик Кантона (1992-1997)
5. Денис Ло (1962-1973)
6. Вејн Руни (2004-2017)
7. Рајан Гигс (1987-2014)
8. Данкан Едвардс (1953-1958)
9. Петер Шмајхел (1991-1999)
10. Пол Сколс (1991-2013). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан