• вторник, 14 мај 2024

Улицата 6 во Бардовци две недели без вода, според надлежните се работи на решавање на проблемот

Улицата 6 во Бардовци две недели без вода, според надлежните се работи на решавање на проблемот

Скопје, 19 јули 2023 (МИА) – Жителите на улицата 6 во Бардовци во Општина Карпош деновиве се оставени без вода. Екипите на МИА го посетија овој дел од населбата, при што мештаните ни посочија дека вода немаат за основни потреби, а проблемот постои речиси две недели. 

-Во 21 век немаме основно нешто а тоа е водата. Немаме капка вода да се напиеме. Имаме мало дете дома. Ова е реален проблем и бараме итно решение, изјави жител на улица 6 за МИА.

Тој посочи дека постојано се јавува во ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, но оттаму се со образложение дека се наводнуваат дворови и се полнеле базени. Апелираат до жителите да имаат трпение.

-Секој ден се јавувам во ЈП „Водовод и канализација“ и оттаму ми велат да имаме трпение, ќе пуштат луѓе на терен. Но, се уште немаме решение за проблемот, додаде тој.

Другиот жител ни појасни дека станува збор за проблем кој постои последните 15 години, најмногу во летниот период.

-Бидејќи улицата 6 е на брдо, постојат две пумпи специјално градени за да дистрибуираат вода за потребите на овие куќи. Како расте населбата со нови куќи, така потребите за вода се поголеми. Нормално е да паѓа притисокот, но ова е проблем што треба да се реши. А како да се реши не знаеме, ни објасни жителот.

Жителите тврдат дека станува збор за 200 куќи кои деновиве се оставени без вода.

Како што велат, стапиле во контакт и со градоначалникот на Општина Карпош, но тој им одговорил дека проблемот не е во негова надлежност и оти ќе се јави кај оние кои се надлежни за истиот да се реши.

Истовремено, жителите за МИА посочија и на одобренијата за градба на типски куќи во овој дел.

-Општината дозволува интензивна градба во овој предел, наскоро ќе никнат седумдесетина нови објекти за кои општината дала одобрување. Како ќе живеат овие луѓе, ако и досегашните жители го имаат овој проблем? Зошто општината не прави ништо да го поврзе водоводниот систем со оној на Визбегово? Се работи за вонредна ситуација, постои опасност за ширење на болести, работата е повеќе од алармантна, велат жителите.

Во однос на ова прашање од Општина Карпош за МИА одговорија дека во реонот на селото Бардовци минатата година се издадени 64 одобренија за градба на типски куќи на инвеститор од Турција и дека за истото информирано е ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, како надлежна институција за обезбедување на примарна инфраструктура за водоснабдување.

Како резултат на пандемијата со коронавирус и воведениот полициски час, Општина Карпош објавува Јавен повик и пријава за онлајн работа и достава на продукти од храна од маркети, ресторани, пр

-Оттаму сме информирани дека се преземаат активности за решавање на овој проблем во најбрзо време, велат за МИА од Општина Карпош.

МИА упати прашања и до ЈП „Водовод и канализација“ Скопје во врска со ова прашање,  од каде не информираа дека со зголемувањето на температурите, се зголемува и потрошувачката на вода. Оттаму наведуваат дека во летниот период честа појава е и нерационалната употреба на истата со зачестено полевање на дворовите, полнење на базени и слично, што доведува и до намален притисок на одредени места. Тие велат дека извршени се проверки по пријава од страна граѓаните и дека не е констатиран проблем со работата на пумпите.

null

- Имено, што се однесува до состојбата со водоснабдувањето во Бардовци, по пријава од страна на граѓаните, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје интервенираа и направија проверки, а исто така и во текот на денешниот ден се направи проверка и контрола од страна на сектор Е.О.К на Хидрофорската постројка во населеното место Бардовци и не е констатиран проблем со работата на пумпите. На излезната страна имаме задоволителен притисок од 11.5 – 12  bar и со тој притисок водата треба да стаса до секој потрошувач во посоченото место, велат од претпријатието.

Бисера Трајковска, Харис Сулејман

Фото/Видео: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан