• понеделник, 23 декември 2024

„Харперс базар“: Десетте најубави градови во светот

„Харперс базар“: Десетте најубави градови во светот
Лос Анџелес, 22 јануари 2020 (МИА) - Порталот „Харперс базар“ објави листа од 10 најубави градови во светот. Еве како таа изгледа:
  1. Фиренца, Италија
Додека Рим ја има титулата „најстар град во Италија“, Фиренца го има пламенот на чиста италијанска убавина. Освен Фирентинската катедрала, којашто е своевиден заштитен знак на градот, она што мора да се посети се галериите и музеите со дела на светски познати автори.
  1. Санкт Петербург, Русија
Рускиот „Париз на Истокот“ е основан од царот Петар Велики во 18. век. Неговата убавина лежи во многуте дискретни острови, прекрасната авенија „Невски“, царските кули на Ермитаж - музеј кој содржи толку многу уметнички дела што можете да го поминете целиот живот шетајќи низ неговите сали и никогаш да не погледнете сè.
  1. Чарлстон, Јужна Каролина, САД
Тука за посетителите, неизбежни се „Батери авенијата“ и улицата „Калмерс“ со калдрма и бермудски варовник. Бујниот живот постојано создава потреба од отворање сè повеќе барови, хотели и „јужњачки“ ресторани.
  1. Кејп Таун, Јужна Афррика
Овој приморски град, засенет од планината Тејбл и познат по бројните пингвини на плажите, 2014 година е прогласен за светска престолнина на дизајнот, како спој од природна убавина и човечка креативност.
  1. Бриж, Белгија
Мрежата од канали и главниот плоштад во барок стил,, го прават градот популлрен кај туристите. Следат: Единбург и Лит, Обединетото Кралство, Џаипур, Индија, Кјото, Јапонија, Шефшавен, Мароко и Квинстаун, Нов Зеланд. си

Остани поврзан