• недела, 22 декември 2024

„Фридом хаус“: За време на пандемијата продолжи падот на демократијата во светот

„Фридом хаус“: За време на пандемијата продолжи падот на демократијата во светот
Вашингтон, 2 октомври 2020 (МИА) – Памдемијата со Ковид-19 ја продлабочи кризата со демократијата ширум светот, овозможувајќи им на властите покритие да ги попречуваат изборите, да ги замолчуваат критичарите и медиумите, да ги ослабнуваат важните институции како и да ја поткопуваат потребата за заштита на човековите права и јавното здравје, се наведува во најновиот извештај на Фридом хаус насловен „Демократија за време на карантин“. Во извештајот, изработен од „Фридом хаус“ заедно со истражувачката група „ГКР“ (GQR) се наведва дека од почетокот на пандемијата со новиот коронавирус влошени се условите за демократија и човековите права во 80 држави во светот. Исто така се потенцира дека кризата на демократијата почна многу пред пандемијата, но поради коронакризата се влоши состојбта и најверојатно ќе продолжи таквиот тренд и по завршување на здравствената криза, бидејќи ќе биде тешко да се сменат воспоставените закони и правилата. Во истражувањето се потенцира дека пандемијата со Ковид-19 дополнително го влоши 14-годишниот континуиран пад во слободата. - Не само што демократијата бележи пад во 80 земји, проблемот е посебно акутен во климавите демократии и високо репресивните држави односно најмногу трпат институциите кои веќе имаа слаби заштитни мерки против злоупотреба на моќта, истакнува „Фридом хаус“. Во извештајот се опишани резултатите од истражувањето спроведено од јануари до август годинава во пет аспекти каде е забележан пад – злоупотреба на власта, заштита на ранливите групи, транспарентност и борба против корупијата, слобода на медиумите и изразувањето и кредибилни избори. Повеќе од 60 проценти од испитаниците предвидуваат дека пандемијата ќе влијае врз политичките права и граѓански слободи во одредени земји во следните три до пет години. Во извештајот се наведува и дека пандемијата го забрза и глобалниот пад во слободата на изразување. Ограничување за медиумите како дел од одговорот на Ковид-19 се случи во најмалку 91 држава, додека во 72 земји владите вовеле рестрикции на слободата на говорот или критиките. Истражувањето покажа дека авторитарните, но и демократски избраните лидери не биле искрени за влијанието на Ковид-19, а 62 отсто од испитаниците изјавиле дека не им веруваат на националните влади за тоа што го кажуваат за пандемијата. Помеѓу испитаниците од земјите што „Фридом хаус“ ги означи како неслободни, 77 проценти од анкетираните навеле дека не веруваат во информациите на националните влади поради недостиг на транспарентност. Во делот посветен на слобода на медиумите и изразувањето се истакнува дека во најмалку 91 држава од вкупно 192 (47отсто) властите наметнале ограничувања за известување за пандемијата. Медиумите во 25 проценти слободни, 62 отсто делумно слободни и 67 неслободни земји имале такви ограничувања. Северна Македонија заедно со другите балкански земји е рангирана во категоријата делумно слободни држави, со исклучок на Хрватска и Словенија, кои се во групата слободни земји. „Фридом хаус“ истакнува дека во најмалку 72 земји (38 отсто) имало специфични контроли на медиумите, владини ограничувања  на слободата на говорот и на критиките кон власта. Извештајот содржи и низа препораки за државите да обезбедат соодветни и временски ограничени мерки, техничка поддршка,пристап до проверени информации, поддршка до безбедни и фер избори сопочитување на јавното здравје, како и борба против корупцијата и обезбедување на итен фонд,кој ќе им овозможи на организациите за човекови права да ја продлжат својата работа. ми/

Остани поврзан