• петок, 22 ноември 2024

„Франс фудбал“ ги номинира 20 кандидатите за најдобри централни играчи

„Франс фудбал“ ги номинира 20 кандидатите за најдобри централни играчи
Париз, 12 октомври 2020 (МИА) - Францускиот магазин „Франс Фудбал“ ги номинира 20-те централни играчи за врска во изборот за најдобри во историјата. На списокот се вклучени следниве играчи: Јозеф Божик (Унгарија), Жерсон (Бразил), Серхи Бускетс (Шпанија), Пеп Гвардиола (Шпанија), Диди (Бразил), Јозеф Масопуст (Чешка), Пауло Фалкао (Бразил), Лотар Матеус (Германија), Стивен Жерард (Англија), Јохан Нескенс (Холандија), Андреа Пирло (Италија), Луис Суарез Мирамонтес (Шпанија), Фернандо Редондо (Аргентина), Марко Тардели (Италија), Франк Рајкард (Холандија), Жан Тигана (Франција), Бернд Шустер (Германија) , Чаби Алонсо (Шпанија), Кларенс Сидорф (Холандија), Чави (Шпанија). Забелешка, „Франс Фудбал“ во својот симболичен тим ги смета овие играчи за дефанзивни играчи од средниот ред. Публикацијата планира да состави симболичен тим на сите времиња според формацијата 3-4-3. Победникот ќе биде одреден од жирито кое гласа за „Златната топка“. Симболичкиот тим ќе биде објавен во декември. зс/

Остани поврзан