• понеделник, 23 декември 2024

„Оруч рејс“ го напушти грчкиот континентален гребен

„Оруч рејс“ го напушти грчкиот континентален гребен
Атина, 16 август 2020 (МИА) - Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч рејс“, од рано утрово плови североисточно и повеќе не е во грчкиот континентален гребен, според медиумите во Грција, туку веќе е навлезен во кипарскиот, но и во рамките на издадената навигациска информација (Navtex), која Грција ја смета за нелегална, јави дописничката на МИА од Атина. Онлајн изданието на весникот „То вима“ коментира дека турскиот брод и понатаму, внимателно го следи грчката флота. Ова е втор пат „Оруч рејс“ да го промени правецот и да излезе од, како што тврди Атина, грчкиот континентален гребен. Минатата седмица следеше речиси идентична рута како и денешната, но наместо да продолжи кон пристаништето во Анталија, одново се врати во делот јужно од грчките острови Родос и Кастелоризо. Турција смета дека издадената навигациска информација (Navtex) за сеизмички истражувања во Источниот Медитеран за периодот од 10 до 23 август е легална и се однесува на турскиот континентален гребен, наспроти ставот на Грција, која тврди дека е нелегална и опфаќа дел од грчкиот континентален гребен. ср/

Остани поврзан