• понеделник, 23 декември 2024

„Кралот“ на фудбалот, Пеле го слави 80. роденден

„Кралот“ на фудбалот, Пеле го слави 80. роденден
Рио де Жанеиро, 23 октомври 2020 (МИА) - Легендарниот бразилски фудбалер, трикратен светски шампион Пеле денес наполни 80 години. Пеле е единствениот фудбалер во светот што трипати го има освоено Светското првенство како играч. Тој е исто така најдобар млад фудбалер за СП 1958 и најдобар играч за СП 1970, освојувач на Интерконтинентален куп и Копа Либертадорес, освојувач на Суперкупот на меѓуконтинентални шампиони и десеткратен шампион на државата Сао Паоло. Во текот на својата кариера, Пеле играше за Сантос и Њујорк Космос, а исто така одигра 92 натпревари и постигна 77 погодоци за репрезентацијата на Бразил. Вкупно за време на неговата кариера, тој постигна 1.289 гола на 1.363 средби. зс/

Остани поврзан