• понеделник, 23 декември 2024

„Волстрит журнал“: Американски специјалец помагал во бегството на Карлос Гон од Јапонија

„Волстрит журнал“: Американски специјалец помагал во бегството на Карлос Гон од Јапонија
Вашингтон, 4 јануару 2020 (МИА) Поранешниот раководител на Рено-Нисан, Карлос Гон, избегал од Јапонија со помош на американски специјалец вработен во агенција за обезбедување, објави „Волстрит журнал“. Според извор на весникот, Гон бил во придружба на Мајкл Тејлор, специјалец на американската армија кој работел за приватна агенција во областа на безбедноста и обезбедувањето. Според изворите, планот за бегство од Јапонија започнал да се реализира лани на 28 декември. Тогаш, приватен авион со двајца (еден од нив Тејлор) полетал од Осака за Дубаи. Во авионот биле товарени два големи црни сандаци, еден од нив со продупчени отвори. Не се знае како Гон, со претпоставка дека се наоѓал во еден од контејнерите, можел да издржи патување од 450 километри од Токио до Осака, без сандаците да поминат на задолжителна контрола. Според претствник на аеродромот во Осака, имало случаи кога патничкиот ВИП багаж не се проверувал. По 12 часа лет авионот слетал на аеродромот во Истанбул, каде Гон преминал во друг патнички авион кој полетал за Либан. Карлос Гон беше уапсен во ноември 2018 година по барање на токиското обвинителство поради основано сомненине злоупотреба на службената положба, фалсификување финансиски извештаи за приходите и измама. Според истрагата, тој не пријавил најмалку половина од своите доходи од 2010 година, пријавувајќи само половина, или околу 89 милиони долари. Обвинет е и за тоа што на сметка на компанијата покривал загуби од приватни инвестиции во висина од 1.85 милиони јени (околу 21 милион долари). Лани во април тој беше префрлен во куќен притвор, но Гон не призава дека е виновен Од куќниот притвор во Токои тој успеа да избега при крајот на декември и сега се наоѓа во Бејрут, Либан. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан